Македонија
24. September 2016 - 10:59

Задутре краткотраен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

На  магистралниот пат А-2 Кичево–Охрид кај село Врбјани поради изведување градежни работи (минирање)  во понеделник сообраќајот ќе биде во прекин 10 до 15 минути во периодот од 14 до 16 часот, соопшти Диспечерскиот информативен центар на Јавното претпријатие „Македонија пат“.