Задолжителен негативен тест на коронавирус за сите кои патуваат во САД
САД ќе бараат негативен тест на коронавирус за сите кои патуваат во земјата, пред да се качат на авионот, јавија американските медиуми синоќа.
Станува збор за нова мерка од државните Центри за контрола на заболувањата (ЦДЦ) која сега е крената на федерално ниво и стапува во сила на 26 јануари.
-Тестирањето не ги елиминира сите ризици, но ако е комбинирано со период на самоизолација и секојдневни мерки на претпазливост, како носење маски и социјална дистанца, тоа може да го направи патувањето побезбедно, поздраво и поодговорно за намалување на ширење на заразата во авионите, на аеродромите и на крајните дестинации, изјави д-р Роберт Редфилд, директир на ЦДЦ, во најавата за новата мерка.
Новата мерка предвидува сите патници кои летаат за САД да направат тест за инфекцијата најмногу до три дена пред датумот на летот, и да покажат документ за резултатите од тестот или доказ дека прележале Ковид-19. Патниците кои нема да приложат резултат од тест за коронавирус, авиокомпанијата има право да ги врати назад.
Кризниот штаб на Белата куќа за борба со коронавирусот и федералните агенции заедно со ЦДЦ со недели наназад работеле на имплементирање на оваа мерка.
Тестирањето за патниците во САД засега е на ниво на препорака од ЦДЦ. Центарот препорачува сите патници на внатрешните и странските летови да се тестираат најмногу три дена пред да заминат на патувањето, и повторно да се тестираат по враќањето дома.
Во меѓувреме, САД се навлезени во „вирусно цунами“, како што многу доктори ја опишуваат ситуацијата со коронавирусот во земјата. Хоспитализациите се на критична точка во повеќе држави. Најзагразони се Аризона, Калифорнија, Арканзас, Оклахома. Во над 30 држави има зголемен број на инфекции. Во некои окрузи на Калифорнија на секои шест секунди заболуваат 30 луѓе, смртните случаи во целата држава во јануари се зголемиле за 915 отсто споредено со ноември.
Ново на Сител
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги