Зад последен статус на девојче се крие причината за мистериозна смрт на шест тинејџери!

Германската полиција потврдила дека шест тинејџери во германскиот град Арнштајн во Баварија починале од труење со јаглерод-моноксид, но сега се појавила нова трага во истрагата, пишува Мирор.
Трагедијата ја открил еден загрижен татко кога во градинарската куќичка ги побарал синот Флоријан и ќерката Ребека бидејќи не се вратиле дома од забавата.
Според првичните информации од полициската истрага, од шпоретот кој таа вечер го користеле излегувал чад.

Меѓутоа Билд пренесува дека во истрагата се појавила и нова трага, морничав статус на починатата Ребека во кој меѓу другото пишувало:
"Би сакала да можам да застанам на неговиот гроб".
Иако истрагата покажала дека нема знаци на насилна смрт, ова ново сознание на полицијата отворило нова врата за истрага.
Ново на Сител
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
