Забрани за 36 работодавачи за непочитување на препораките за работа во услови на тополотен бран

Инспекторите за труд од областа безбедност и здравје при работа донеле 36 забрани на работодавачи кои не ги почитувале препораките да не се работи на отворено од 11 до 17 часот. Министерството за труд и социјална политика соопшти дека од 4. до 6 август 2017 на територијата на Република Македонија биле извршени вкупно 207 инспекциски надзори кај работодавачи за почитување на препораките за топлотен бран.
- Државните инспектори за труд вршеа инспекциски надзори кај работодавачи од дејностите: градежништво, земјоделство, отпади, комунални услуги, конфекциски погони и други дејности. На работодавачите во писмена форма им се даваат препораки со нагласување дека мора да се придржуваат кон нив, бидејќи во спротивно ќе бидат санкционирани, соопшти МТСП.
Им се препорачува адекватна вентилација и по можност климатизација во затворен работен простор, да не работат на отворено за време на најтоплиот период од денот, односно од 11 до 17 часот, промени во организацијата на работниот процес (воведување двосменска работа), обезбедување засолништа каде вработените можат да се разладуваат одреден период во текот на работата, почести паузи во текот на работата и консумирање течности, работната облека да биде од лесна порозна ткаенина, а при работа на отворен простор да се носат очила и капи, како и предупредување за зголемени опасности од несреќа при работа (пожари).
- Со оглед на тоа што територијата на Република Македонија и денеска се наоѓа во портокалова фаза, работодавачите се обврзани и понатаму да ги почитуваат дадените препораки и да се грижат за безбедноста на вработените во услови на топлотен бран, наведува МТСП во соопштението.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
