Забрана за камиони на Стража, укината за Пресека и Маврово - Дебар

На планинскиот превој Стража од вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради обилни врнежи од снег, соопшти ЈП Македонијапат.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар во 21:20 часот се укинува.
Укината е забраната за сообраќај на камиони на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека.
Сообраќајот на останатите патишта низ Македонија се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП Македонијапат информира дека дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, а до возачите апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Ново на Сител
-

Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
-

Развојот на технологијата во голема мера ги заменува книгите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
