За викендот услови за дожд, наместа и пороен
Дожд и северен време за време на викендот најавуваат метеоролозите со температури до 34 степени.
Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со умерен, а од недела повремено зсилен северен ветер. Во попладневните часови не е исклучено да има локален краткотраен дожд, повеќе во планинските региони. Во сабота попладне ќе има повеќе услови за локален пороен дожд со грмежи.
Утринските температури ќе се движат утре од осум до 18 степени, во сабота од 10 до 19, во недела од 11 до 20, во понеделник од 10 до 19, во вторник од девет до 18 и во среда од осум до 17 степени.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 33 утре, во сабота од 27 до 34, во недела од 25 до 33, во понеделник од 24 до 32, во вторник од 25 до 32 и во среда од 26 до 33 степени
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден