За УПОЗ е неприфатливо кратење на платите поради штрајкот
Синдикатот на УПОЗ денеска информира дека за нив е неприфатлива и противзаконска одлуката на Судскиот буџетски совет да се изготви нова пресметка на плата со која на сите вработени кои штрајкуваат ќе им се исплати плата во висина од 60 проценти.
- Известувањето на Судскиот буџетски совет доставено до сите судови на Р. Македонија со кое им се налага на претседателите на судовите до благајната односно сметководството со наредба да изготват нова пресметка на плата и на сите вработени кои штрајкуваат да им исплатат плата во висина од 60 проценти, за Синдикатот на УПОЗ ваквата наредба е неприфатлива и сметаме дека таа е против законска, против уставна и доколку биде извршена претседателите на судовите ќе се соочат со кривична одговорност, се вели во соопштението.
Синдикатот на УПОЗ и Здружението за судска администрација, како што информираат, во текот на денот испратиле допис до сите претседатели на судовите во кој им укажуваат дека доколку издадат писмени наредби за задршка на 40 проценти од платата, а не поединечни решенија за штрајкувачите, ќе извршат кривично дело, а за тоа ќе биде известена и Државната комисија за спречување на корупција.
Ново на Сител
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет