За три дена издадени 1.853 потврди за барање азил

За три дена, 1.853 мигранити добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија, соопшти МВР.
Од 19 јуни до утринава издадени се потврди на вкупно 20.605 странски државјани, од кои, 15.038 се од машки пол, 2.729 жени, 2.647 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 191 деца кои патуваат без родител.
Според евиденцијата на МВР, 15.290 потвди се издадени на државјани на Сирија, потоа Авганистан 1.543, Ирак 1.172, Пакистан 676, Сомалија 456, Палестина 396, Конго 277, Камерун 124, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денес до Одделението за азил биле поднесени 41 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 31 барања се од државјани на Сирија за азил од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил денеска биле евидентирани вкупно 22 баратели на азил, од кои 13 се мажи, две жени и седум малолетни лица.
Од присутните баратели на азил во Прифатниот центар, двајца баратели на азил се малолетни лица без придружба на старател, додека пак бремени барателки на азил како и баратели на азил со повреди не се регистрирани, информираат од МВР.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
-

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец
-

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО
-

Одбележан Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството во НАТО
-

Мицкоски: Зар некој може да верува дека говорот на првата дама на САД оди на рецензија кај некој дипломатски претставник?
-

Се снимал додека пукал во воздух за на социјални мрежи - Кривична за жител на Чашка
-

Мицкоски: Како ниедна држава во Европа интервениравме директно од буџетот со намалување на ДДВ на нафтата
-

Автобус удрил во 16-годишно девојче пред училиште во кумановско
