За случајот „новичок“ ќе расправа и Советот за безбедност на ОН
Велика Британија побара да се одржи денеска состанокот на Советот за безбедност на ОН за да се разгледа случајот на труење со „новичок“.
Официјалните лица имаат намера на таа седница да ги информираат членовите на Советот за напредокот во истрагата.
На тој состанок ќе присуствува и Русија поради својот статус на член на Советот за безбедност.
Британските обвинители вчера обвинија двајца Руси за труењето со нервен агенс „новичок“, на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солзбери.
Обвинителството соопшти дека Александар Петров и Руслан Боширов се обвинети во отсуство за заговор за убиство, за обид за убиство и за употреба на нервен агенс „новичок“.
Обвинителот Су Хеминг изјави дека Велика Британија не бара од Москва да ги екстрадира двајца обвинети, бидејќи рускиот закон ја забранува екстрадицијата на своите граѓани.
Полицијата соопшти дека двајца мажи на возраст од 40 години допатувале во Лондон од Москва со руски пасоши два дена пред да бидат отруени таткото и ќерката Скрипал на 4-ти март.
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка