За само една седмица во Охрид регистрирани над сто нови случаи на инфицирани со грип

Повеќе од сто лица од Охрид изминатата седмица се инфицирани со грип, што е речиси двојно повеќе споредено со периодот од почетокот на оваа календарска година.
Според податоците од Центарот за јавно здравје во Охрид, оваа година вкупно се регистрирани 217 случаи на инфенции со грип, додека само во текот на минатата седмица со симптоми на грип се евидентирани 103 заболени.
Како превентивна мерка од грипот се препорачува редовно миење на рацете, редовно проветрување на просториите и вршење дезинфекција, пред се на играчките во градинките. Препорачливо е да се избегнува долг престој во затворени простории и да се внесува доволна количина течности во организмот.
Што се однесува на терапијата, како особено важно се нагласува навременото лекување, со препорака веднаш штом се забележат симптоми на грип проследени со покачена телесна температура, да се побара медицинска помош.
Кога станува збор за Охрид, најмал број меѓу заболените со грип се лицата над 65 годишна возраст, оттаму што голем дел од лицата од таа возрасна категорија се претходно имунизирани со вакцини против сезонски грип.
Ново на Сител
-

РСБСП: Продолжениот викенд да помине со безбедно патување, да не се ризикуваат сопствениот и животот на другите
-

Николоски: Нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје-Блаце
-

Спречен обид за илегален влез на 40 мигранти близу ГП Богородица, полицијата пукала во воздух
-

Детален извештај за прославата на 35 години независност: За 18 реализирани настани потрошени се 340,5 милиони денари
-

Две момчиња од Скопје тврдат дека биле претепани од полицајци, МВР отвори истрага
-

Пред крајот на месецот дигитална лична карта
-

Муцунски во Софија без договор за суштинските прашања: Недовербата и натаму е пречка
-

Мицкоски: Опозицијата и Филипче трујат со лаги, Фон дер Лајен ги демантираше со потврда дека има реформи
