Свет
19. January 2016 - 13:17

ОН: За помалку од две години во Ирак загинаа 18.000 цивили

Од 1 јануари 2014 до 31 октомври 2015 во Ирак загинаа повеќе од 18 илјади цивили, додека повеќе од 36.000 се ранети, се наведува во денеска објавениот извештај на ОН.
 
Во него се нагласува дека т.н. Исламска држава во моментов како заложници и робови држи 3.500 луѓе, претежно жени и деца од језидското малцинство. ИД е присутна во северен и западен ирак од 2014 година и ја турна таа држава во најлошата политичка и безбедносна криза од повлекувањето на американските сили од Ирак во 2011 година.