За Пендаровски масовното гласање значи поддршка на концептот за НАТО и ЕУ, Силјановска ја продолжува трката по гласовите на неопределените
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски синоќа од Прилеп порача дека масовното гласање во вториот круг од изборите значи поддршка на концептот за НАТО и ЕУ и конечно, по 10 години, да добиеме вистински претседател на државата. Неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова, пак, рече дека ја продолжува трката во потрага по гласовите на неопределените.
-На 5 мај битно е да излеземе масовно на избори зашто најбитен е концептот кој го поддржуваме јас, премиерот и владејачката структура зашто се води државата во НАТО и во ЕУ. Иако 30 години сите генерации на етникуми кои живеат во земјава сакаа да ја видат земјава во НАТО, и ЕУ, оваа генерација може да го оствари тој сон. Само овој концепт, ако добие ваша поддршка на 5 мај, ја носи Македонија во друштвото на развиени земји, рече Пендаровски на трибина во центарот на Прилеп.
Масовното гласање, додаде, значи дека никогаш повеќе во оваа земја нема да се врати режимот на Груевски и на фамилијата.
-Верувам и луѓе кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ не сакаат тие времиња да се вратат. Груески ќе се врати само да отслужи казна затвор. Со масовното гласање на 5 мај, ние конечно, по 10 години, ќе добиеме претседател на државата. Во последните осум години немавме претседател кој ќе ја почитува правната држава и ќе работи за своите граѓани. Затоа, со масовно гласање на 5 мај, сите ќе добијат претседател од кој нема да се срамат, рече Пендаровски пред прилепчани.
Силјановска Давкова, која ја откажа синоќешната трибината во скопски Аеродром, порача дека по добивањето на резултатите од првиот круг се забележува очекувана и силна нервоза кај власта.
Ново на Сител
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потребни се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект