За муслиманите во светот почна Рамазан, месецот на постот
За над една милијарда муслимани во светот денеска почна Рамазан, свет месец - деветти од муслиманскиот (лунарен) календар во кој меѓу останатото почнало и објавување на Куранот.
За време на Рамазан задолжителен е постот и тоа се смета за еден од столбовите на исламот. Тоа подразбира целосно воздржување од јадење и пиење и телесни задоволства од зори до заоѓање на сонцето – и тоа 30 денови. Не се обврзни да постат болни, бремени и тешки физички работници. Во време на постот верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел целосно човечко прочиствување.
За време на Рамазан животот во целиот исламски свет има посебен ритам, луѓето почесто се посетуваат и заедно поминуваат вечери. Рамазанскиот пост завршува кога ќе се појави млада Месечина.
Рамазан е деветти месец во исламскиот календар. Тоа за исламските верници е свет месец бидејќи во него почнало објавувањето на Куранот.
Во тек на рамазан, на исламските верници им е забрането војување. Рамазанскиот пост е трет од петте столбови на исламот. Од верниците се очекува верно да го следат учењето на Мухамед што вклучува и настојување за подобри меѓучовечки односи. Важност се дава на чисти мисли и дела.
Постот прекинува во момент на заоѓање на сонцето. Тој оброк се вика ифтар и добро дело е организирање на ифтар за пријатели, роднини и слично.
Ново на Сител
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор