Имани Едвардс минувала низ црвени светла, возела со 160 километри на час, удрила во неколку полициски автомобили, и за малку ќе прегазела неколку полицајци, а причината поради бегањето наводно е тоа што доцнела на работа.
На снимката се гледа како полицијата во еден момент ја опколува, но жената притиска гас и за малку ќе ги прегазела полицајците.
По апсењето, обвинета е за кривично дело напад и непочитување на правила.