За јавни обвинители конкурирале со фалс сертификати по англиски, поништен конкурсот
Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ го поништи огласот за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители.
- Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на седницата одржана на 11 декември 2017 година донесе одлука за поништување на јавниот оглас на Академијата за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители, објавен во Службен весник на Република Македонија од 30.08.2016 година и во дневните весници „Лајм“ и „Нова Македонија“, се наведува во одлуката објавена на веб страницата на Академијата.
Огласот е поништен, бидејќи против 41 лице од пријавените кандидати е поведена постапка од Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „фалсификување исправа“, која се уште е во тек.
Овие кандидати конкурирале на огласот со фалсификат сертификати за англиски јазик.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км