За иновации искористени само девет отсто од расположливите 9,5 милиони евра

За иновативни проекти Македонија искористила само девет проценти од вкупно 9,5 милиони евра што и се на располагање преку проектот за поддршка од Светска банка, информира денеска директорот на Фондот за иновации и развој, Јован Деспотовски.
Парите треба да се искористат до средината на 2019 година, а во спротивно ќе треба да се побара продолжување на рокот, но, потенцира Деспотовски, не е добро ниту за државата ниту за економијата ако не може да покажат капацитет да апсорбираат десет милиони евра.
Според Деспотовски, досега финанисираните 20 до 25 проекти се многу мали и се претежно од ИТ индустријата. Клучни причини за слабата искористеност, оценува, се слабата информираност, ниското ниво на свест што претставува иновацијата и кои се можностите таа да биде финансирана и инструментите што им се на располагање на компаниите.
Како што најави Деспотовски, во соработка со Светска банка ќе се подготви комуникациски план преку кој ќе се работи на зголемување на свеста за реализација на иновациите, на проширување на пазарот за пласирање на средства, односно покрај старт-ап фирмите да се зголеми интересот и на малите и средни компании што постојат подолго на пазарот и имаат капацитет. Ќе се работи и на зголемување на опфатот на секторите од кои сега доминира информатичката технологија.
- Фондот ќе понуди практична поддршка на тие што имаат добра идеја како да ја стават на хартија согласно критериумите на Фонодот кои ги дефинираме заедно со Светска банка, која ни е финансиски партнер, да можат успешно да го поминат процесот на аплицирање, да го потпишат договорот, да ги добијат средствата и понатаму, повторно со техничка помош од Фондот, да можеме проектите да ги доведеме до успешна реализација, изјави Деспотовски, кој учествуваше на денешната трибина за комерцијализација на иновации во рамки на 43.издание на Меѓународниот саем „Технома“.
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
