За идните младенци: Ова е традицијата на вереничкиот прстен

Вереничкиот прстен претставува прв чекор кон заеднички живот и брак. Тој е доказ за љубовта, верноста, посветеноста и е симбол на вечноста.
Сепак традицијата за носење на веренички прстен, како и симболиката, се разликуваат од држава до држава и од континент до континент.
Оваа традиција успеала да опстои и до ден денес, а она што ние ви го прикажуваме се необичните и фасцинантни обичаи кои се поврзани со овие прстени:
- Младите во Русија, Германија, Индија и Норвешка го носат прстенот на десната наместо на левата рака.
- Во Чиле и мажите исто така носат веренички прстен. И тој се носи на десната рака, но кога ќе се ожени, мажот го преместува прстенот на левата рака.
- Во Аргентина паровите разменуваат прстени точно на денот на венчавката.
- Во Хинду културата жените носат прстен на ногата.
- Кај староседелците во Северна Америка девојките носеле сребрен веренички прстен направен од природни материјали и корали во црвена боја.
- Во Франција,според традицијата, прстенот треба да биде скап и опкружен со дијаманти.
- Во модерна Кина веридбата не може да помине без прстени, додека во некои делови на оваа земја наместо прстени се разменуваат пари.
- Во Кенија жените носат украси и накит околу вратот што укажува дека таа жена е веќе ветена на некого.
- Во Србија во текот на церемонијата на венчавање невестата го вади вереничкиот прстен и му го дава на кумот или деверушите за да го чуваат. Младоженецот ѝ ја става бурмата и тоа е симбол дека завршил периодот кога биле вереници и дека сега стапуваат во брачен живот.
Ново на Сител
-

Одложено денешното судско рочиште за предметот „Онкологија“
-

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
-

Сараево повторно е меѓу градовите со најзагаден воздух во светот
-

Пред 37 години беше урнат Берлинскиот ѕид, симбол на поделбата на Европа и Студената војна
-

Директорот на „Енвидија“ признал неверство, неговата љубовница кинеска шпионка
-

Почина масовниот убиец од Краков: Усмрти шест лица, а рани уште 15
-

Европа годинава е на врвот во купувањето електрични возила
-

Ирак постигна договор со САД за извоз на нафта преку Ормуската Теснина
