За едно деноноќие 18 сообраќајки во Скопје, 17 повредени, една жртва

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 18 сообраќајни незгоди.
Од нив, пет се со последица материјална штета и девет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, тројца велосипедисти и еден патник во автобус.
Се случиле и четири незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца водачи на мопеди, двајца сопатници, еден возач на мотоцикл и еден возач на трактор, а со полесни повреди се здобил еден сопатник на мопед.
Денеска во 6 часот и 15 минути на улицата „Ѓорче Петров“ се случи сообраќајна незгода во која еден пешак го загуби животот.
Во текот изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 63 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Oсум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и 60 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 88 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Владо Ангеловски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
