За една недела отстранети 143 непрописно паркирани возила од јавните површини

Пајак службата во текот на изминатата недела од јавните површини подигнала 143 возила. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 33 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 110 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Од преј-счужбата на Градот Скопје информираат дека контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 166 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 33 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.
Градот Скопје и Јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.
– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, соопштуваат од Град Скопје.
Ново на Сител
-

Струмица ќе инвестира 30 милиони денари во нов озонатор за фабриката за вода
-

Иран им се заканува на земјите што ја поддржуваат „економската војна“ на САД
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
-

Лефков: Вистинскиот виновник Филипче не седи до нас, рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
