За една недела 70 сообраќајки во Скопје, „пајакот“ кренал 445 возила
Во текот на изминатите седум дена сообраќајната полиција извршила увид на 70 сообраќајни незгоди, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 445 возила.
Статистиката на МВР покажува дека со тешки телесни повреди се здобиле три лица, а со полесни повреди се двајца возачи на патничко моторно возило и патник во автобус. Триесет и две незгоди биле со телесни повреди во кои со телесни повреди се здобиле 49 лица, додека 35 незгоди биле со материјална штета.
Изминатава седмица откриени и санкционирани биле поголем број прекршоци. Од нив, сообраќајната полиција ги издвојува санкциите за 189 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 26 возеле под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, 11 не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин или не ги почитувале правилата за престигнување, 85 без возачка дозвола, односно нерегистрирано возила, а 19 возачи поминале на црвено светло на семафор. Санкционирани биле и 45 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.
Ново на Сител
-
Гори шума над селото Нивичани, загрозени викенд куќички, интервенираат пожарникари
-
Во прекин сообраќајот на патниот правец Маврово - Дебар поради сообраќајка
-
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
-
Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам
-
Донесен Законот со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред
-
Црна Гора се бори со пожари на неколку фронта, високи температури го отежнуваат гаснењето
-
Мртво деветмесечно бебе од село Сливник Велешко донесено во болница
-
Таеквондо натпреварувач од Грузија колабираше во пеколот во фискултурната сала