Македонија
24. November 2017 - 10:14

За една недела 70 сообраќајки во Скопје, „пајакот“ кренал 445 возила

Во текот на изминатите седум дена  сообраќајната полиција извршила увид на 70 сообраќајни незгоди, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 445 возила.

Статистиката на МВР покажува дека со тешки телесни повреди се здобиле три лица, а со полесни повреди се двајца возачи на патничко моторно возило и патник во автобус. Триесет и две незгоди биле со телесни повреди во кои со телесни повреди се здобиле 49 лица, додека 35 незгоди биле со материјална штета.

Изминатава седмица откриени и санкционирани биле поголем број  прекршоци. Од нив, сообраќајната полиција ги издвојува санкциите за 189 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 26 возеле под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, 11 не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин или не ги почитувале правилата за престигнување, 85 без возачка дозвола, односно нерегистрирано возила, а 19 возачи поминале на црвено светло на семафор. Санкционирани биле и 45 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.