За да си замине порано од работа Кичевец пријавил бомба во РЕК „Осломеј“

Четириесет и четиригодишен жител на Кичево бил лишен од слобода откако лажно пријавил дека во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба, со цел да си замине порано од работа.
Според информациите од полицијата, на 5 март 2026 година околу 02:25 часот, Р.Б., кој е вработен во РЕК „Осломеј“, испратил порака до својот претпоставен во која навел дека има сознанија за поставена бомба во еден од одделите на електраната.
По пријавата, полициски службеници извршиле проверки заедно со обезбедувањето на објектот, при што било утврдено дека станува збор за лажна дојава и дека во објектот нема експлозивна направа.
По преземените мерки, полицијата го пронашла Р.Б. во викенд-куќа во кичевското село Осломеј и го лишила од слобода. Тој признал дека пријавата била измислена и дека ја направил за да може порано да си замине од работното место.
Лицето е задржано во Полициската станица во Кичево, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
-

На таткото на Вања ќе му се суди повторно, потврдени доживотните казни за Палевски и тројцата соучесници
-

Прилепчанка измамена за 700.000 денари преку Фејсбук, мислела дека помага за лекување на болно дете
-

Сали од Киев: Остануваме цврст поддржувач на Украина и на нејзиниот европски пат
-

Мицкоски за пресудите за „Талир“: Конечно, правдата е задоволена
