За да го усреќи сопругот кој умира, ослабела 63 килограми

Рики Карингтон ќе живее уште 15 месеци, според прогнозата на лекарите, бидејќи има неизлечив тумор на мозокот. Неговата сопруга Тајлор се одлучила да му ја исполни последната желба и да ослабе.
Тајлор во моментот кога ја дознала страшната вест имала 127 килограми. По шокот и прифаќањето на фактот дека наскоро ќе го изгуби својот сакан човек, сфатила дека треба да преземе нешто за да биде во што подобра физичка форма и сите денови кои им преостануваат да ги поминат што подобро.
„Вградив гастро бајпас, почнав да вежбам и здраво се хранам. На мојот маж многу му е важно како изгледам, а до сега не бев многу совесна. Исфрлив се што е нездраво и ослабев 63 килограми. Сакам да ги надоместам сите моменти кои поради изгледот не ги поминав во бикини” – вели таа.
Порано била на удар на критики и осуда поради килажата, се чувствувала лошо, а сега е полна со енергија и има самодоверба.
- Порано моите реакции и емоции беа насочени на храната и кога бев тажна и кога бев среќна. Кога на Рики му рекоа дека има тумор на мозокот и дека нема уште долго да живее, знаев дека нешто морам да променам”, изјавила Тејлор.
Оваа храбра жена вели дека планира да почне поактивно да се бави со бодибилдинг, да се натпреварува, а сопругот целосно ја поддржува.
Ново на Сител
-

Увид во изградбата на автопатот за Охрид
-

Филипче: Изградбата на коридорите е добар потег
-

Училишните психолози ќе се лиценцираат за да превенираат врсничко насилство
-

Катерина Зајковска предложена за член на Антикорупциска
-

Нова национална стратегија за бездомните кучиња
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски од Брисел: Проширувањето е империтив и за ЕУ и за Западен Балкан
-

СДСМ: Мицкоски им ја краде иднината на младите, затоа се иселуваат од Македонија
