За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
Гавдос нема инфраструктура, а ние немаме надлежност да управуваме со вакви случаи, вели градоначалничката на малиот грчки остров Гавдос Лилиан Стефанаки за првата програма на државното радио, говорејќи за зголемениот број нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.
Доколку се анализираат официјалните податоци од крајбрежната служба на Грција, во периодот од 19 до 22 јуни, во седум одвоени случаи на Крит и Гавдос пристигнале 848 мигранти, од кои 574 се на малиот грчки остров што е и најјужната точка на Грција.
Во текот на вчерашниот ден како и претпладнево, не биле регистрирани нови пристигнувања.
Градоначалничката на Гавдос, вели дека целата ситуација е голем товар за нив, но и објаснува дека малиот остров не е главната дестинација, туку е „влезна порта на југ“, со оглед на тоа што мигрантите тргнуваат од Либија.
- Во последниот месец, пристигнаа голем број. Односно, пред два или три дена, пристигна чамец со над 500 луѓе. Пристигнаа во Агиа Галини. Во исто време, истиот ден имаше и чамец со помал број, ден претходно имавме уште еден чамец. Бројот е голем, посочи Стефанаки за грчкото државно радио.
Додаде дека она што е потребно е да се најдат институционални решенија, нагласи дека пристаништето на островот е зајакнато со брод на Фронтекс кој ќе остане таму во текот на летото.
На зголемените мигрантски бранови јужно од Крит и Гавдос се осврна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на вчерашната средба со претседателот на државата, посочувајќи дека е нешто што „предизвикува значителна загриженост“.
Додаде дека на состанокот на владиниот советот за национална безбедност во неделата, побарал од министерот за одбрана и раководството на вооружените сили, бродови на грчката воена морнарица, превентивно да се испратат во близина на територијалните води на Либија, со цел да се испрати порака дека нема криумчарите да одлучуваат кој ќе влезе во земјата.
Весникот „Катимерини“, како што утрово објави МИА, пишуваше дека поради зголемениот број мигранти кои пристигнуваат од Либија, официјална Атина во морската област на границите со либиските територијални води ќе испрати бродови на воената морнарица, односно две фрегати.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци