За 4,6 проценти помалку работници во индустријата од јануари до јули годинава
Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули минатата година е намален за 6,2 проценти. Во првите седум месеци од годинава споредено со истиот период лани има намалување за 4,6 проценти на работниците во индустријата, објави денеска Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во јули 2020 година, во однос на јули 2019 година, бележи опаѓање од 0,7 проценти, во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,9 проценти, како и од 6,9 проценти во преработувачката индустрија .
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули годинава, во однос на јули минатата година, бележи опаѓање кај енергија за 0,9 проценти, интермедијарни производи, освен енергија за 5,4 проценти, капитални производи за 10,9 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за седум проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,4 проценти.
Ново на Сител
-
Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе, меѓу жртвите има и малолетни лица | ВИДЕО
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик