За 2,8 отсто зголемено индустриското прозводство во јануари

Индустриското производство во јануари годинава, во однос на јануари лани, е поголемо за 2.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање од 14.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 21.7 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 19.7 % и Капитални производи за 41.2 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 26.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.8 %.
Ново на Сител
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
-

Растот на платите за 40% до 2028 за административците прифатлив за 95% од синдикалците од УПОЗ
-

Нема да се прави ребаланс на буџетот за минималец од 600 евра
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

ДУИ против укинувањето на Пржинската влада
-

Нов закон за високо образование - квалитет во студирањето и повеќе мака за стекнување докторска титула
-

Преглед на вестите од светот
-

Новите предлог закони за високо образование и за квалитетот на високото образование
