За 15 отсто намален бројот на првачиња во Дебар

Години наназад се намалува бројот на првачиња и тој негативен тренд во државата го има и во Дебар каде што и оваа година е опаднат бројот на ученици запишани во прво одделение.
Според списокот од матичната книга на родени на МВР, првпат во ученичка клупа во трите деветолетки во општина Дебар треба да седнат 150 првачиња, што е за околу 15 отсто помалку споредно со минатата учебна година, но според податоците запишани се 106 првачиња.
- Во нашата образовна институција, во учебната 2025/2026 година треба да се запишат 83 првачиња на двата наставни јазика. За настава на македонски наставен јазик треба да се запишат 23 првачиња од кои пет во подрачното училишпте во село Џепиште, додека 60 за настава на албански наставен јазик. Запишани се вкупно 57, од нив 43 за настава на албански, 14 на македонски наставен јазик, рече за МИА Ајет Мулареџа, директор на ООУ „Пенестија“.
Според, Арсим Мифтари, директор на ООУ „Саит Најдени“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик, запишани се 22 првачња од предвидените педесетина.
Во ООУ „Ристе Ристески“ во Долно Косоврасти и двете подрачни училишта, во Горно Косоврасти и Могорче запишани се 27, што е за 13 првачиња помалку од предвидениот број.
- Според списокот добиен од соодветните служби во новата учебна година треба да се запишат 40 првачиња. Гледано одделно, во подрачното училиште во Могорче запишани се 10, во Горно Косоврасти девет и во училиштето во Долно Косоврасти осум првачиња. Тоа значи дека незапишани се 13, рече за МИА директорот Шанија Ајроски.
Пред бранот миграција што ја зафати општината во училиштата имаше околу 500 првачиња.
Ново на Сител
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција, се што стигнува во Трезорот како налози, се исплаќа навремено
-

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов
-

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен
