За 1,2 отсто зголемен бројот на работници во индустријата во првиот квартал
Во првиот квартал годинава споредено со истиот квартал лани бројот на работници во индустријата се зголемил за 1,2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во март годинава во однос на март минатата година статистиката евидентира зголемување од 1,1 процент на работниците во индустријата. Во секторот Рударство и вадење камен во март годинава, во однос на март лани има опаѓање од 2,7 проценти исто и во во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде опаѓањето е 3,7 проценти, а пораст од 1,6 проценти во секторот Преработувачка индустрија.
Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во март годинава во однос на март лани бележи пораст кај Капитални производи за 12,7 проценти, а опаѓање кај Енергија за 5,3 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2 проценти.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 во Будимпешта
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
-

Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ
-

Просечната нето-плата во август изнесувала 48.733 денари
-

Зголемена употреба на дронови на одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-

Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
-

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
