Вуцис: Оптимист сум дека грчкиот народ наскоро ќе ја разбере позитивната порака од Договорот од Преспа

Претседателот на Парламентот на Грција, Никос Вуцис е оптимист дека грчкиот народ со текот на времето ќе ја сфати корисноста на Договорот од Преспа.
Во интервјуто за првата програма на грчкото државно радио, Вуцис се осврна и на решението меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.
-Многу сум оптимист дека во следните месеци и до евроизборите, но и до националните избори нашиот народ, во мнозинство, ќе ја разбере позитивната порака што ја дава решавањето на долгогодишниот проблем, порача Вуцис.
Претседателот на грчкиот парламент во интервјуто спомена дека во тек се подготовките за посетата на Алексис Ципрас на Скопје, но ја коментираше и средбата со Никола Димитров во Атина.
-Средбата што во петокот ја имав со господинот Димитров помина многу добро, а ова се покажа и со тоа што немаше реакции од други политички сили, од другите партии. Дадовме детални изјави, јавно и министерот за надворешни работи и јас, рече Вуцис за првата програма на грчкото државно радио, пренесе МИА.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
