Вучиќ: Време е да се надминат случувањата од Поточари

Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека е време да се надмине инцидентот од Поточари и оти затоа ќе упати повик до членовите на Претседателството на БиХ да дојдат во Србија, бидејќи разговорот е најважен за мирот и стабилноста.
- Сакам и ќе вложат голема енергија за да продолжиме да соработува и страстите од минатото да ги оставиме на страна, изјави Вучиќ.
Како што јави Танјуг, тој додаде дека ништо не е поважно од разговор како и дека мирот и стабилноста во регионот се предуслов за подобра економија и повисок животен стандард.
- Гледам дека полека но сигурно разумот победува на сите страни и оти луѓето разбираат кои се грешките на секој од нас, додаде Вучиќ.
На прашањето да даде коментар која била „грешката“ на членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, Вучиќ изјави дека токму тој го повикал да дојде во Сребреница и му ја гарантирал безбедноста, а оти при тоа не се ни ракувал со него.
На прашањето дали очекува ефикасна истрага, Вучиќ нагласи дека како претседател на Владата се надева на тоа, но оти како човек не е сигурен.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
