Вучиќ во интервју за Вашингтон пост: И Русите и Европејците ни се пријатели

Српскиoт претседател Александар Вучиќ во интервју за Вашингтон пост вели дека Србија ги смета Европејците и Русите за „вистински пријатели“.
Тој укажува дека Москва била на страната на Белград во Советот за безбедност на ОН кога другите не биле. Вучиќ вели дека приоритет е членството во Европската Унија.
– Тоа е приоритет, нешто од најголемо значење за нас. И сакаме да бидеме дел од ЕУ, која е најголем блок на мирот и спокојот. Исто така би ни помогнало да задржиме стабилност и да продолжиме со реформи за различни прашања, вклучително и борба против корупцијата и владеење на правото. Тоа е она што ни треба, нагласи Вучиќ.
Тој укажува дека Сбрија го има „прашањето за Косово“ што, според него, се толкува на различни начини, но Косово е присутно во сите преговарачки поглавја.
– Ние сме преплавени со прашањето за Косово. И ако анализирате анкети, во Србија, ќе видите дека ако еден ден биде одржан референдум за европската иднина на Србија, патот кон ЕУ би победил, вели Вучиќ.
Но, како што истакнува, ако се работи за процена на народот во врска со европската политика кон Србија, тоа е поинаква.
– Луѓето веднаш ја поврзуваат ЕУ со сите прашања со кои сме соочени за Косово и истото се однесува и на Американците. Тоа е нешто чудно, оценува српскиот претседател.
- Сепак, имаме рационален пристап... и Европејците и Русите ги сметаме за наши вистински пријатели. Тоа е многу едноставно. Земате се што можете да го браните ставот на вашата држава и интересот на вашиот народ.
Ново на Сител
-

Крај на учебната 2025/2026 година
-

Над 100 текстилни работници од две штипски конфекции без плати и придонеси
-

Менталното здравје кај младите бара поголемо разбирање
-

Анализа: Што можеме да очекуваме од утрешната средба Сиљановска Давкова – Јотова?
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Утре средба Сиљановска-Давкова – Јотова во Софија, премиерот претпазлив
-

Снимки од заѕиданите пари: Обвинителството ги откри врските Ристов–Стафа–Пецов
-

Државата најверојатно сама ќе го гради Чебрен и Галиште
