Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
Српскиот претседател верува дека идната недела ќе биде избрана новата влада во државата.
„Наша должност е да подадеме рака и секогаш ќе ја подадеме. Но, државата мора да постои, мора да работи и верувам дека следната недела ќе се избере влада“, изјави денеска Вучиќ.
Во врска со централниот дел од митингот Не ја даваме Србија, одржан вчера, нагласи дека во Белград влегле меѓу 126.735 и 128.080 луѓ.
„Значи таа цифра е без Белград, а на митингот имаше најмногу луѓе од Белград“.
Тој додаде дека „не може да се одземе чувството на гордост од луѓето што присуствуваа на митингот, дека народот покажа дека не мора да се скрши, да се блокира себеси“, но и дека „оние кои имаат задача да ја уништат Србија“ ќе продолжат да го прават тоа.
Коментирајќи го вчерашниот митинг во Нови Пазар, на кој повикаа студентите во блокада, Вучиќ рече дека присуствувал на многу поголеми митинзи во тој град и дека наскоро и самиот ќе го посети Нови Пазар.
„Нема да се откажеме од барањата изнесени синоќа на средбата во Белград. Овие барања се во согласност со Уставот и тоа е обврска, само што некој го суспендираше Уставот, а тоа не беа луѓе од власта, туку тие што се обидоа да ја киднапираат државата и институциите, тие буквално ја киднапираа државата“.
Зборувајќи за митингот во Белград, тој рече дека тоа бил „значително поголем митинг од оној за кој велат дека е најголемиот (од опозицијата)“.
Претседателката на Националното собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека седницата на Националното собрание и расправата за новата влада се очекува в понеделник или вторник и додаде дека седницата ќе ја закаже веднаш штом ќе се добие предлогот за состав на влада.
„Се уште не сме го добиле предлогот за состав на влада. Штом ќе го добиеме, веднаш ќе го проследиме и веднаш ќе закажам седница...Верувам дека или во понеделник или вторник ќе почнеме со Собранието и расправата за новата влада на Република Србија“, изјави Брнабиќ .
Минатата недела Вучиќ го предложи Ѓуро Мацут за мандатар за состав на нова влада во Србија.
Ново на Сител
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден
-
23-годишник под истрага за илегално држење и продавање марихуана
-
Делчево добива Центар за услуги – дел од националниот портал за дигитални услуги