-->
-->
Вучиќ: Веќе воведовме вонредна состојба, само што не сме ја прогласиле
-->
„Веќе воведовме вонредна состојба, само што сè уште ја немаме прогласено“, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ, појаснувајќи дека секој ден се работи на решавање на прашањето, бидејќи доаѓа тешка зима, јави дописникот на МИА од Белград.
Мораме да бидеме обединети, да го продолжиме нашиот европски пат, да ги заштитиме нашите односи со Руската Федерација, и со Кина, и со сите други. Како што можете да видите, оваа политика го издржа најтешкото време. Колку долго може [да издржи] – ќе видиме, ова е прашање на интерес на нашата држава“, рече Вучиќ.
Надворешната политика на Србија предвидува приклучување кон Европската унија додека одржува пријателски односи со Москва и Пекинг, како и развивање врски со Вашингтон. Белград има намера да ја задржи воената неутралност, одбивајќи да се приклучи кон НАТО и другите воено-политички блокови – пренесува руската агенција Тасс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
