Вучиќ: Српското МВР ќе донесе одлука за Еуропрајд 96 часа пред планираниот собир
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека Министерството за внатрешни работи „во согласност со Уставот и законите“ ќе донесе одлука за ЛГБТ настанот Европрајд, 96 часа пред планираниот собир.
На прес-конференцијата по седницата на Советот за национална безбедност, Вучиќ рече дека државата „нема да измислува глупости“ за да го забрани настанот поради епидемијата на мајмунски сипаници.
– Нема да си играме и да се исмеваме со нашите граѓани, да ги понижуваме луѓето кои се наши деца, наши браќа и сестри, но никогаш нема да ја разберам неверојатната неодговорност на оние кои, од една речиси неважна тема, или тема која е важно само за еден дел од општеството, направи крстоносна војна, рече Вучиќ.
Тој повтори дека безбедносната ситуација е „тешка“ и дека државата не сака да дојде до судири.
– Можно е да има големи немири во кои нашата сила би требало да биде поголема, а ние сакаме да го избегнеме тоа, рече Вучиќ.
Зборувајќи за најавите за собир на противниците на Еуропрајд, Вучиќ рече дека „иронично им се заблагодарува на сите херои“ кои, како што рече, не чекаат на премините кон Косово туку „во парковите да ги нападнат оние што се различни од нив. “.
Ново на Сител
-
Провалиле кај кавадарчанец и украле 10 литра ракија и пари
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
-
Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал
-
Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив
-
Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија
-
Реал Мадрид официјално објави дека Анчелоти заминува на крајот од сезоната
-
Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него, Унијата е со вас