Вучиќ: Србите немаат поблизок народ од Македонците | ВИДЕО

Вчеравечер во Македонскиот народен театар на свечената академија по повод одбележувањето на националниот празник на Србите во Македонија, празникот Свети Сава, за прв пат присуствуваше Вучиќ, а беа присутни и македонскиот претседател Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Вучиќ во својот говор истакна дека Македонците се најблизок народ на Србите и повика на многу поголема соработка.
- Ние немаме поблизок народ од македонскиот и тоа јасно го кажувам пред целата српска и македонска јавност. Ние ништо не бараме од вас и немаме никакви услови за било што. Ништо не очекуваме и единствено што би сакале е да имаме подобри и поблиски односи. Ние не ви бараме никакви промени на Уставот, тоа е ваша внатрешна работа. Ние не ви бараме ништо и единствено од вас очекуваме и се надеваме да ја прифатите нашата братски пружена рака. Немаме ниту еден меѓусебен проблем, рече Вучиќ.
Нагласи дека двете земји имаат поставено големи цели.
Ново на Сител
-

Утре ќе се прави уште една ексхумација на жена, поради сомнеж дека е жртва на серискиот убиец од кумановско
-

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на ДКСК Ристовска
-

СДСМ: Случајот Груби е режија
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
