Вучиќ - Радев: Можеме дополнително да ги унапредиме односите
Српскиот претседател Александар Вучиќ во Ниш во неделата се сретна со бугарскиот колега по должност Румен Радев, при што двајцата челници имаа работен појадок пред да се упатат кон месноста Трупале крај Ниш близу заедничката граница, каде беше пуштна во работа гасната интерконекција Србија-Бугарија.
Во текот на обиколката на гасната станица во Трупале, Вучиќ рече дека Србија и Бугарија можат дополнително да ги подобрат односите, дека односите меѓу двете земји можат да бидат уште подобри и дека сите преостанати проблеми ќе бидат решени.
„Разговаравме за тоа денеска и ќе се погрижиме да ги решиме помалите проблеми што постојат, околу книгите и учебниците (за бугарското малцинство) и други работи, така што тоа ќе го решиме, како и сите други работи. Кога луѓето сакаат да разговараат, сѐ ќе решат“, изјави Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање за текот на разговорите со Радев.
Бугарскиот претседател од своја страна рече дека и Софија работи на подобрување на односите со Србија.
„Овој проект е од суштинско значење за безбедноста и стабилноста на нашиот регион и развојот на нашите економии“, посочи Радев во текот на обиколката на постројката на која пристутвуваше и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.
Вучиќ претходно укажа на важноста од диверзификација во снабдувањето со гас.
„Суштината е во диверзификација, како што рече претседателот Радев. Тоа ќе донесе повеќе алтернативи во снабдувањето на двете земји, и на Србија и на Бугарија. Ова е исклучително важно за нас и ќе донесе поголема безбедност на важни места во Србија, како Димитровград, Бела Паланка и Пирот, што ќе донесе подобра иднина. Сега можеме да купуваме гас на отворениот пазар од шест или седум различни ЛНГ (течен природен гас) терминали, вклучувајќи го и Александрополис“, во Гррција, рече Вучиќ.
Додаде дека на Србија во иднина ќе и биде многу полесно и дека ќе биде подобро обезбедена во однос на енергетската безбедност.
Ново на Сител
-
ОДИХР: Повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот
-
Израелскиот министер за одбрана Кац и наложил на армијата да ги засили нападите врз целите на иранскиот режим
-
Росатом: Ситуацијата во иранската нуклеарна централа „Бушер“ е „нормална“
-
Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков
-
Манев: Доцна сфатив дека Палчо има двоен план, член на Десна го уништи синиот ранец со пиштолот и моторолите
-
Три лица, од кои еден малолетник, пресретнале возило, го нападнале возачот и му го одзеле мобилниот телефон
-
Страшески: Нема ниту еден конкретен доказ кој ја докажува вината на Палевски, предлагам ослободителна пресуда
-
„Ер Индија“ предупредена поради непроверена опрема за итни случаи, конкретно тобогани за спасување