Вучиќ: Отворени сме за разговорите со Приштина, но треба да се укинат бариерите
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, повтори денеска дека Србија е отворена за разговори со Приштина, но мора да се укинат бариерите за слободното движење на услуги, стоки и луѓето.
Вучиќ во Лозница одговорајќи на прашањето за новата косовска Влада кажа дека не сака да се занимава со внатрешните конфликти во албанската политичка заедница, додавајќи „нека прават што сакаат“.
За нас е важно Србите од Косово и Метохија да добијат одредени гаранции, кои се надеваат и веруваат дека ќе имаат нешто повеќе отколку од владата на Курти, кажа Вучиќ.
Ние сме отворени за разговори, ова е приказна за (Хашим) Тачи, тој сето ова го стори на внатрешен план, со поддршка на САД, дека ќе присуствува на разговорите каде што се Американците, истакна Вучиќ, додавајќи дека Србија секогаш е за разговори.
– Немаме никакви забелешки за разговорите под покровителство на ЕУ, ниту во форматот со Ричард Гренел, но секогаш ќе има политички желби и притисоци, оцени Вучиќ.
Сакам мир и стабилност и да ги заштитам нашите национални интереси на Косово порача Вучиќ и додаде дека најголема поддршка доаѓа од таму.
Српскиот претседател изјави и дека Русија е пријателска земја за Србија и дека назначувањето на Евгениј Примаков на позицијата директор на Агенцијата „Руска соработка“ нема да влијае на таа соработка.
Медиумите во Србија објавија дека во март минатата година, наспроти антивладините демонстрации во Белград, Примаков му понудил на Вучиќ да формира техничка влада со лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС).
Ново на Сител
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат