Вучиќ: Никој не ни нуди поделба на Косово, ништо нема да ни дадат
Никој не ни нуди ништо за Косово, ништо нема да ни дадат, Америка го призна Косово и бара независност и Америка нема да го промени својот став. Како Господ бог ве молам луѓе, слушнете ме што ви велам. Тие нема да ни дадат поделба, никој нема да ни даде ништо. Ако некој ни понуди нешто, јас тоа ќе го зграпчам! Јас нема да ве лажам како некои, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ пред новинарите на отворањето на ветропаркот во Мермер кај Ковин.
Одговарајќи на прашање за вчерашниот разговор во Белград со специјалниот пратеник на претседателот на САД, Ричард Гренел, тој додаде дека му треба време да размисли за овој разговор и да види што може следно Србија да направи. Само тогаш, истакна тој, ќе излезе во јавноста.
-Разговорот беше сериозен, отворен и одговорен и тоа е сè што можам да кажам, повтори Вучиќ во два наврати и продолжи: За разлика од другите политичари, не сум толку умен да можам да кажам големи приказни, сакам да помине одредено време и да размислам, да видиме што можеме да сториме за одредени теми и само тогаш да излеземе во јавноста.
Во врска со средбата меѓу Вучиќ и Гренел, советникот на претседателот на Србија, Сузана Васиљевиќ изјави дека разговорот бил многу тежок и дека не може да даде детали, додавјќи дека тие сами разговарале првите десет минути, а потоа им се придружил директорот на Кабинетот на Владата на Србија за Косово, Марко Ѓуриќ.
-Она што беше чудно е што првпат претседателот самиот пишуваше службени белешки од состанокот, бидејќи разговорот очигледно беше доста тежок и тој вчера не беше подготвен ни со нас да разговара за тоа, рече Васиљевиќ.
Ново на Сител
-
Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје
-
Полицаецот кој спречи девојка да се самоубие во Тетово повреден е од ножот кој го држела во рака, Тошковски ќе го награди
-
Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд, учесници на младинските олимписки игри
-
Последиците од пожарот во Езерани | ВИДЕО
-
Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа со остар пад во јуни
-
До недела многу топло, до 43 степени
-
Орбан: Христијанските и конзервативните вредности не се спротивни на демократијата
-
Објектите за спорт во сопственост на државата управувани од јавно претпријатие кое законски престанало да постои во 2017 година