Вучиќ најави обраќање до граѓаните „за сите важни прашања“
Службата за односи со медиумите на српскиот претседател најави за утре јавно обраќања на Александар Вучиќ, како што се наведува „за сите важни прашања“, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ ќе им се обрати на граѓаните в петок на 8 септември во 13 часот од зградата на Претседателството на Андриќев венц во Белград.
Според податоците на Црта, претседателот на Србија за осум месеци годинава директно се обратил, преку телевизиите со национална фреквенција повеќе од 190 пати.
Инаку, претставниците на опозицијата во вторникот упатија барање да се распишат вонредни парламентарни и белградски избори до крајот на годинава. На нивното барање претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се уште не одговорил, кој во неколку наврати ги повика само да кажат кога сакаат избори и дека тие ќе бидат распишани.
Наместо Вучиќ, на опозицијата и одговорија претседателот на Собранието Владимир Орлиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на пратеничката група на СНС во Собранието Миленко Јованов, кои порачаа дека се подготвени за изборна трка со опозицијата.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
