Вучиќ: На Косово нема да има избори поради Курти
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека парламентарните избори на 17 декември нема да се одржат во српските области на Косово бидејќи косовскиот премиер Албин Курти „не сака“ да им овозможи на Србите да имаат основни и природни права, пренесе Бета.
„Избори во српските заедници нема да има бидејќи Курти не сака да им го дозволи на Србите природното право што треба да го имаат. Западот ќе каже дека нема можност да изврши притисок врз Курти… Веќе имаше изјава од портпарол на ЕУ и тоа е тоа“, рече Вучиќ во Дубаи, каде што присуствува на Самитот на лидери за климатски промени.
Тој изјави дека Курти инсистира исклучиво на признавањето на независноста на Косово како услов за одржување на избори.
„Мораме да го признаеме Косово за Србите да учествуваат на изборите. .. Ништо повеќе и ништо помалку. И сите во Србија и во Европа го знаат тоа. Добро е што ќе реагираат на тоа, но ние нема да добиеме било што од таа реакција“, рече Вучиќ.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка