-->
-->
Вучиќ му се заблагодари на Путин за „посетата со душа”
-->
Претседателот на Русија Владимир Путин на состанокот со српскиот лидер Александар Вучиќ најави дека заеднички ќе ги разгледаат како билатералните, така и регионалните прашања.Путин во рамките на форумот „Еден појас, еден пат“ изјави дека му е мило што има можност на маргинате на овој настан да се сретне со Вучиќ и со него „да поразговара за билатералните односи и за ситуацијата во регионот“, пренесуваат медиумите.
Рускиот лидер исто така ја спомена својата јануарска посета на Белград, истакнувајќи дека таа придонела за интензивирање на билатералните врски.
Путин исто така рече дека трговската размена меѓу двете земји во 2018 година забележала раст од 2%.
„Ги развиваме односите во толку чувствителната сфера како што е военотехничката соработка, воената соработка”, изјави Путин.
Вучиќ, од друга страна, истакна дека во Србија посетата на Путин се смета за историска и дека ѝ се придава најголемо значење за развојот на односите меѓу двете земји.
„Тоа беше посета со душа, затоа што ги допре душите на сите граѓани на Србија“, рече Вучиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
-

Владата утре ќе прогласи кризна состојба, за да се користи мазут од стоковите резерви
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

80-годишнината МНТ ја прославува со сценскиот спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето - Made in MNT“
-

Преглед на вестите од светот
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
