Вучиќ: Курти крева духови на немир во Северна Македонија и на југот на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ гостувајќи денеска на ТВ Пинк го коментираше настапот и изјавите на косовскиот премеир Албин Курти во Северна Македонија, оценувајќи ги како „скандалозни“ и дека Курти „крева духови на немир во Северна Македонија и на југот на Србија“, јави дописникот на МИА од Белград.
-Имате обид на Курти да крева духови на немир, не само во Севрна Македонија, туку и на југот на Србија и сето тоа со премолчана подршка на меѓународната заедница, кажа Вучиќ.
Тој посетата на Албин Курти на Северна Македонија ја оцени како „скандал над скандалите“.
-Таму беше промовирана идејата за „Голема Албанија“, истакнати се нејзините симболи, а Курти меѓу другото беше претставен како премиер на сите Албанци и премиер на Тетово, истакна Вучиќ за ТВ Пинк.
Тој се осврна на преименувањето на улицата Втора македонска бригада во Скопје во улица на Адем Демачи, потсетувајќи дека се работи за човек кој поминал 28 години во затвор, во времето на Тито, кое било либерално, како најлош и најголем големоалбански идеолог и сепаратист.
Тој истакна дека Демачи му бил ментор и идол на Курти и дека треба внимателно да се слуша што зборуваат луѓе како Дем Бериша, кој ги следи албанските медиуми, и посочи дека од Приштина со пари и други работи го ставиле под своја контрола и Шаип Камбери и дека го „зедоа“ и Рагми Мустафи, со цел да произведат кризи и тема да не биде само Косово туку и поширокиот регион и конечно да се тргне во Голема Албанија.
-Тоа се работи што се загрижувачки. Да не бевме воено толку посилни, толку пати посилни и помоќни во однос на технологијата, оружјето и се друго, знаете ли колку пати Курти ќе го нападнеше секој дел од Србија? Погледнете ја неговата идеологија, тој не би ја нападнал само централна Србија, туку и Северна Македонија, Црна Гора, а прашање е што би се случило и со Албанија, предупреди Вучиќ.
Тој истакна дека има обид Курти да дигне немири со, како што додаде, непримерен молк и премолчена поддршка на дел од меѓународната заедница.
Вучиќ истакна дека треба да се внимава зошто има обиди да се префрли вината на Србија, затоа што Косово е нивно дете.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
