Вучиќ и СНС одлучија дека нема да има вонредни парламентарни избори
Дилемета која ја имаше Србија изминативе недели дали и кога ќе има вонредни парламентарни избори, паралелно со редовните избори за Собранието на град Белград денеска е решена. Претседателот на Србија и лидер на СНС Александар Вучиќ, на денешната седница на Главниот одбор на партијата, одлучија да се одржат само редовните избори за градот Белград.
Вучиќ на седницата на раководството на партијата го изнесе личниот став дека негов предлог е да се одржат само редовни градски избори, што партијата го усвои.
- Мој предлог за вас е да и соопштиме на јавноста да имаме само редовни градски избори, а на парламентарните избори ќе одиме кога ќе им дојде редот. И доколку загубиме на белградските избори тоа нема да биде страшно. Не е проблем да паднеме, проблем е кога нема да станете после падот, изјави лидерот на СНС Александар Вучиќ.
Тој на седницата објасни дека оваа одлука можеби не е во интерес на партијата, но е во најдобар интерес на државата. Во аргументите против одржување на вонредни парламентарни избори тој ги наведе преговорите со Косово, фискалната дисциплина, застој на реформите, како и аргументот дека премиерката Ана Брнабиќ и првиот собраниски спикер Маја Гојковиќ ја имаат неговата поддршка и нема потреба за избирање нови личности за нивните места.
Лидерот на СНС ги наведе и притисоците од странство за седењето на две столчиња, одговарајќи дека Србија може да седи само на своето столче.
Во изјавата за медиумите по седницата, првиот собраниски спикер Маја Гојковиќ соопшти дека во врска со белградските избори ќе се почитуваат сите законски услови, а за кандидат за градоначалник се уште немаат одлучено.
Белградските избори законски треба да се одржат до крајот на mарт, а српската опозиција има голема надеж дека ќе успее за првпат да ја победи напредната странка на Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи
-
РКЕ: Цените на бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти, се намалува само цената на мазутот