-->
-->
Вучиќ: И Република Српска како Србија мора одговорно да се однесува
-->
Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија мора одговорно да се однесува кон сите, па и кон Република Српска, но и дека РС исто така треба одговорно да се однесува кон официјален Белград.
- Додека сум претседател на Владата никогаш, без оглед на тоа кој што рекол, ниту еден збор нема да кажам против некој од Република Српска. Мислам дека Србија мора одговорно да се однесува и верувам дека така РС треба да се однесува кон Србија, рече Вучиќ.
Оваа изјава доаѓа како одговор на прашањето за тоа како ги коментира извештаите на медиумите дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик порачал дека во Босна и Херцеговина се зборува со погрешни луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Лилјана Поповска
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Гордана Силјановска Давкова положи заклетва во Парламентот и ја презеде функцијата претседател
-
Ни Северна, ниту Република: Силјановска се заколна во Македонија - стигнаа реакциите
-
Борисов: Мицкоски ми е добар пријател, го повикувам да престане да зборува, изборите поминаа