-->
-->
Вучевиќ честиташе на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска Давкова: Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа
-->
Српскиот премиер Милош Вучевиќ им ја честиташе победата на партијата ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски на парламентарните избори во Северна Македонија, како и на нивната кандидатка Гордана Сиљановска Давкова за победата во претседателската трка, јави дописикот на МИА од Белград.
– Срдечни честитки до ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за убедливата победа на парламентарните избори, како и до Гордана Сиљановска Давкова за изборот за претседател на Северна Македонија, напиша Вучевиќ на социјалната мрежа Х.
Сигурен сум, наведе, дека во наредниот период ќе постигнеме дополнителен напредок во нашите односи.
- Се радувам на соработката за доброто на двете држави и двата народа, порача Вучевиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца загинати во судар на автомобили на наплатна рампа кај Ливорно, во италијанска Тоскана
-
Пет пожари на отворено во регионите на Скопје, Охрид и Неготино
-
Утринските температури од 12 до 19 степени, најмногу дожд во Демир Капија
-
САД: Израел ги постигна повеќето од своите воени цели во Газа
-
Нов обид на Уставен суд да избере претседател
-
Возот од Велес утрово не тргна за Скопје
-
Локални избори во Србија: СНС прогласи победа, опозицијата тврди – Ниш и Чачак се слободни градови
-
Нетанјаху може да издржи подолго на власт од Бајден