-->
-->
Второлигаш му одржа лекција на премиерлигашкиот лидер
-->
Фудбалерите на Арсенал и на Челзи го завршија своето учество во англискиот Лига куп, откако се елиминирани во осминафиналето.
Шефилд Венздеј Арсенал му одржа фудбалска лекција на ко-лидерот во Премиер лигата „торпедирајќи“ го со 3:0, а покрај поразот и елиминацијата дополнителни главоболки за менаџерот Арсен Венгер му донесоа повредите на Волкот и Окслејд-Чембрлен кои играта ја напуштија во првите 15 минути од натпреварот.
На пенали меѓу осумте најдобри во Лига купот се проби Евертон. ’Карамелите’ го елиминираа Норич со 4:3, во регуларниот дел и во продолженијата резултатот беше 1:1.
По 120 минути игра 1:1 беше резултатот и на мечот Хал-Лестер, а по изведувањето на пенали славеше Хал со 5:3.
Во среда ќе се одиграат преостанатите четири натпревари од осминафиналето: Ливерпул-Борнмут, Манчестер Сити-Кристал Палас, Саутемптон-Астон Вила, Манчестер Јунајтед-Мидлзбро.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите