Второ дополнето издание на Прирачникот за парламентарните избори 2016

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“ подготви второ дополнето издание на Прирачникот за парламентарните избори во Република Македонија во 2016.
- Ова издание на Прирачникот ги има сите релевантни информации за изборниот процес, легислативата, начинот на гласање изборниот модел, за листите на партиите и нивните носители како и за причните кои доведоа до овие предвремени парламентарни избори. Изданието ги содржи и крајните резултати од спроведените избори, распределбата на мандатите и оценките за спроведувањето на изборите од страна на партиите учесници, како и на релевантните набљудувачки мисии и организации, соопшти Институт за демократија.
Во прирачникот, кој е достапен на македонски, албански и на англиски јазик, обработени се и сите досегашни изборни циклуси - од прогласувањето на независноста до денес.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
