Loading Video...
Спорт плус
17. јуни 2018 - 15:38

Втор триумф во низа за Лоренцо во Мото Џи-пи шампионатот

 
Шпанецот Хорхе Лоренцо, потврди дека е во одлична форма. Возачот на Дукати, беше најдобар на денешната трка во Мото Џи-пи шампионатот што се возеше на патеката Каталуња во Шпанија.  
 
До неговата 45-та победа во кариерата, во најсилната класа, инаку и втора во низа сезонава (победи и на претходната трка за Големата награда на Италија), Шпанецот стигна пред сонародникот Марк Маркез од Хонда легендарниот Валентино Роси на Јамаха.
 
Маркез и натаму е лидер во Генералниот пласман сега со 115 бода, пред Валентино Роси кој има 88 поени, додека на третото место е Марк Вињалес со 73 поен, а денешниот победник Лоренцио е седми со 66 бодови. 
 
Следната трка ќе се вози на 1 јули во Асен, Холандија.