Втор конгрес на патолозите на Македонија

Размена на знаења и искуства на врвни македонски и европски патолози и цитопатолози, кои ќе се осврнат на последните достигнувања во практиката и истражувањата во различни полиња на патологијата, ќе овозможи Вториот конгрес на патолозите на Република Македонија со меѓународно учество, кој почнува денеска во Охрид.
На конгресот, кој го организира Македонското здружение на патолозите, ќе учествуваат еминетни предавачи од Европа и САД.
Научната програма на конгресот опфаќа широк преглед на различни полиња од областа на патологијата со посебен фокус на гастроинтестиналната, генитоуринарната, гинеколошка патологија и цитопатологија.
Во рамки на конгресот, кој ќе заврши на 4 септември ќе се одржи работилница на Европската школа за патологија насловена „Патологијата на дојката во 21. век“, во организација на Европското здружение на патолози и на која како предавачи се вклучени тројца еминентни експерти во областа на патологијата: проф. Тибор Тот од Шведска, проф. Виченцо Еузебио и проф. Ана Сапино од Италија.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Шефот на словачката дипломатија во официјална посета на Македонија
-

Нема финален договор меѓу МОН и студентите
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
