Врз основа на ангажманот со Скопје и Софија очекувам „зелено светло“ од ЕУ, изјави еврокомесарот Вархеји
Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, денеска на прес- конференцијата за извештаите за земјите од Западен Балкан не даде дополнителни објаснувања за новинарите и повтори дека очекува до крајот на оваа година „зелено светло“ за преговорите со Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Запрашан на што го темели оптимизмот за „зелено светло“ од земјите-членки до крајот на оваа година, Вархеји рече дека е „ангажиран со двете страни, Бугарија и Македонија“.
– Се сретнав со лидерите на двете земји и врз таа основа би требало да најдеме решение и да го убедиме Советот да даде зелено светло уште оваа година, рече Вархеји.
На прашање на МИА да објасни зошто пред европратениците тој рече дека бугарскиот европратеник Андреј Ковачев му е „таен помошник“ во преговорите меѓу Скопје и Софија, Оливер Вархеји попладнево изјави:
-Тоа се разбира значи дека работам со европратениците затоа што можат да бидат од помош во пренесувањето пораки помеѓу политичките чинители и се надевам дека пренесувањето на овие пораки ќе помогне да дојдеме до решение, изјави тој.
Вархеји исто така повтори дека Албанија и Македонија не треба да се двојат, иако тој во мај имаше различен став кога во интервју за „Евроњуз“ изјави дека ако не се реши проблемот со Бугарија, ќе треба да се разгледува опцијата Албанија да се одвои од Македонија во процесот.
-Двете земји ги исполнија сите критериуми и услови за отворање на првата Меѓувладина конференција и затоа треба да работиме заедно, како што реков во комисијата за надворешни работи, големо мнозинство земји членки не сакаат одвојување така што сакаме да најдеме решение, рече денеска еврокомесарот за проширување
Ново на Сител
-

Мистериозна бела пена во Вардар: Дрон и инспектори во потрага по загадувачот
-

Тема на денот со Марија Андоновска директорка на Институтот за јавно здравје
-

Комисија за заразни болести - по црвените инфекции може да се појави и жолтица во Гостивар
-

АХВ ја укина забраната, водата во Валандово е повторно безбедна за пиење
-

Пет години за спас на Охридскиот регион - УНЕСКО го одложи впишувањето на листата во опасност
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
